(Видео) Гаши е невин, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева – Мицкоски не го дава шерифот

t

Владејачката коалиција се обедини во заштита на собранискиот спикер чија смена бара опозицијата по инцидентот на скопскиот аеродром. Барањето одговорност од Африм Гаши во форма на интерпелација, за коалицијата „Вреди“ е анти НАТО експеримент.

„На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор“, пишува во соопштението на „Вреди“.

Проценките на оваа коалиција албански партии, чиј дел е и спикерот Гаши, е дека станува збор за обид за ставање на тест на владејачкото мнозинство.

„Пратениците на `ВЛЕН` се подготвени да ја бранат честа на албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите“, соопштуваат од оваа коалиција со што јасно укажуваат дека немаат намера да бараат политичка одговорност од претседателот на Собранието.

Тоа е ставот и на најголемата партија во владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ – дека кај Африм Гаши нема вина за инцидентот во кој и тој учествувал зашто без законска основа го пратил своето обезбедување да го расчистува случајот на скопскиот аеродром.

„Цениме дека одговорноста веќе е лоцирана, институциите како никогаш досега превземаа итни мерки. Граѓаните сведочат дека има кривични пријави за разлика од минатото. Докажавме дека држава има и дека законите мора да важат подеднакво за сите. Обидите на СДСМ, ДУИ и Левица на ова прашање да добијат ситни политички поени не не изненадуваат и очекуваме вакво нивно девијантно однесување и во иднина.“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

За опозицијата ова е знак дека премиерот си ги погазил ветувањата дека секој што ќе се огреши ќе одговара.

„Мицкоски коленичи пред Гаши и ова е жално за гледање. Ниту СДСМ ниту било кој друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена `незаконска наредба од страна на Претседателот на Собранието`. Треба ли поголем доказ од ова? За жалење е и министерот Тошковски кој наутро во извештајот пишува незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за кривична одговорност. Се што е спротивно на законот носи правна одговорност и ова е класично замижување пред правдата со цел да се спаси коалицијата. Го повикуваме Мицкоски да се одважи и да го смени Гаши“, порачаа социјалдемократите.

Левица беше поконкретна и вчера поднесе интерпелација за работата на спикерот – како една од причините е наведена и случката во ВИП – салонот на аеродромот каде, по наредба на Гаши, се појавил тим од неговото лично обезбедување за да ја расчисти ситуацијата со безбедносната проверка на косовската претседателка што пак доведе до конфронтација меѓу телохранителите и аеродромската полиција.

МВР, со соопштение, потврди дека обезбедувањето на спикерот настапувало по наредба на Гаши и го суспендираше шефот на тимот.

Засега, тука се заврши. Одговорност за тој што ја издал наредбата за телохранителите да се појават на аеродромот нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гаши е невин, вели портпаролката на…

Владејачката коалиција се обедини во заштита на…

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36)…

Путин бесен: Ја обвини Украина за „тешка…

Претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…