(Видео) Георгиевски: Мицкоски се зачленува во ВМРО-ДПМНЕ 2016-та година заедно со татко му

t

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов истакна дека не го памети Христијан Мицкоски како член на партијата од 94-та година како што тврди Мицкоски.

Напротив од сигурни извори тој добил информација дека Мицкоски се зачленува во ВМРО-ДПМНЕ во 2016-та година во Општинскиот комитет во Карпош заедно со неговиот татко.

-Jaс не го паметам иако се сретнав со Мицкоски два пати и се обиде да ми објаснува од кога е член иако јас како фигура не го паметам. Кога се видовме се обидуваше да ми објасни од кога е во ВМРО-ДПМНЕ иако јас никогаш не го паметам. После кога се распрашав од најсигурни извори од Општинскиот комитет Карпош каде што тој е матично регистриран имаат јасно кажано дека тој 2016-та година прв пат доаѓа со татко му по претходно јавување на Никола Груевски ќе дојдат тие и тие луѓе да ги пречекате на најдобар начин.

Во партиските кулоари опстокува приказната дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ бил дел од студентското движење на ЛДП, вели во вчерашното гостување во „Тешки муабети“ претседателката на ЛДП, Монија Зајкова.

– Јас не се сеќавам, тогаш не сум била активна и тоа биле некои дамнешни времиња, меѓутоа по сеќавање се шпекулира низ партијата дека го предводел тоа некое студентско движење, собрание, но тоа не сметам дека е нешто за зло. Ние имаме и поранешни градоначалници кои потекнуваат од ЛДП, еве и кандидатката за претседателка (Силјановска) потекнува од Либералната партија, вели Зајкова.

@infomax.mk Мицкоски бил член на ЛДП #Македонија #Инфомакс #ТешкиМуабети #вести #политика #ТикТок #makedonija #infomax #teskimuabeti #vesti #fyp #tiktok #viralvideo #podcast #news #macedon #MacedoniaForever #MacedoniaAlways #MacedoniaMacedonia #LDP #vmrodpmne #Mickoski #MonikaZajkova #ЛДП #ВМРОДПМНЕ #Мицкоски #ХристијанМицкоски ♬ original sound – iNFOMAX.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…