Објавено на:

(Видео) Гест кој го стопи срцето на сите: Ѓоковиќ го прекина тренингот за да му помогне на момче на кое му се слоши – следеа овации од трибините!

t

Сцената од тренингот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на стадионот Сузан Ленглен ја обиколи цела планета.

Новак имаше отворен тренинг со Карен Хачанов пред почетокот на Ролан Гарос и трибините на стадионот беа исполнети речиси до последното столче.

Од силното сонце на трибините му се слошило на едно дете. Новак го забележа тоа, веднаш престана да тренира и истрча да помогне.

Го спушти малиот на теренот, го однесе до својата клупа, му стави ледена крпа на вратот и му даде освежување. После тоа го однел на трибините, го зел во раце и го вратил на местото каде што седел.

Неговиот гест беше дочекан со овации и громогласен аплауз.

Да потсетиме, Ѓоковиќ в понеделник ќе го започне своето учество на Ролан Гарос, а прва пречка ќе му биде американскиот тенисер од наше потекло Александар Ковачевиќ.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…