(Видео) Глигоров во 92-ра предложил внесување на Бугарите во Уставот: Дали се остварува идејата на Ванчо Михајлов за Македонија без Македонци?!
Стевчо Јакимовски во денешната епизода на Тешки муабети откри што се зборувало на лидерската средба во врска со уставните измени и внесување на бугарите во македонскиот Устав.
– Што се однесува до уставните измени го кажав ставот на мојата партија, мислиме дека Бугарија ни секунда не престана да провоцира и во овие тешки моменти кога се притискаат и власт и опозиција да се прават уставни измени отвараат клубови Ванчо Михајлов, Цар Борис Трети, најава за Богданции…
Нивните служби им даваат средства за тие клубови, орвата фаза че биде да не елиминираат од исторската, етничката врска на Македонците со рперодбениците и историските личности и да ни ја пректорјат историјата да бидеме народ од 44-та наваму.
Следно ќе ги искористат овие 70 до 100.000 државјанства да ги примораат да се изјаснат како Бугари и вештачки да добиеме толку Бугари, ова чекор кон чекор води кон уставно преуредување, дводомен парламент и нефункционална држава.
Затоа сметам дека во овој процес мора многу внимателно да одиме, имаше дискусии дека немаме друга алтернатива освен Европа на што јас прашав дали Европа има алтернатива за Балканот, да видиме дали ѝ одговара да не бидеме дел од Евбропа и никогаш не треба да не плашат со тоа дека немаме алтернатива.
Скоро сите си кажаа ставови, имаше предлог да се прифати промена на Уставот под услов да има реципроцитет, да се признаат Македонците во Бугарија и имаше информација дека 92-ра Киро Глигоров понудил влез на Бугарите во Уставот, што Желев го одбил. Тогаш категорички е одбиена таа понуда од Желев, претпоставувам одбиено за да нема диференцијација меѓу Македонците и Бугарите. Со измените и додавање на Бугари во уставот јакне Бугарскиот елемент, а слабее македонскиот елемент. Јас предложив ако веќе има измени да се спречи ова и при идни вакви измени две третини од македонските пратеници да мораат да гласаат такви измени, немапе ни контра предлог ни опонирање на оваа работа, вели Јакимовски.
Според Милошевски полека се остварува идејата на Ванчо Михајлов за Швајцарија на Балканот каде Македонија и Македонци се само географска одредница.
Швајцарија на Балканот е визија на Ванчо Михајлов за држава Македонија без Македонци, како што е Швајцарија држава без Швајцарц
Во Македонија, според Михајлов, треба да има сѐ, да има Бугари, Албанци, Турци, Грци, Власи и други, но не и Македонци, како што и во Швајцарија има Италјанци, Германци, Французи, но нема етнички Швајцарци…
Јакимовски нагласи дека ГРОМ нема да поддржи уставни измени и кажа дека партијата ќе има централен одбор на кој ќе предложи ставот на ГРОМ во парламентот да биде ПРОТИВ промена на Уставот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…