(Видео) ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Вооружен маж се забарикадира во болница во Германија!
Голема полициска и противпожарна операција во моментов е во тек во болницата Луизен во германскиот град Ахен, јавуваат германските медиуми. Според првите информации на полицијата има вооружено лице кое се забарикадирало во клиниката.
Опколената област е преполна со тешко вооружена полиција. Специјалците од Келн се на пат кон местото на настанот.
Се наведува дека непознато лице запалило пиротехнички средства, од што настанал многу чад, поради што на терен е и противпожарната служба. Таа потоа се забарикадирала во соба за пациенти, но не е јасно дали имало други луѓе во собата.
Полицијата се уште не може да каже кој е вооружениот во болница ниту кому се заканува. Не е јасно и дали има повредени.
Полицијата во Келн ја спроведува операцијата како можна заложничка криза.
„Сите достапни служби за итни случаи се алармирани и се на пат“, рече портпаролката на полицијата.
Болницата Луиз во Ахен е протестантска болница со 378 кревети и дванаесет специјалистички одделенија. Во болницата работат околу 1.600 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…