(Во живо) Големи нереди во Турција: Илјадници луѓе и вечерва на улиците на Истанбул, Ердоган апси за објави на социјалните мрежи
Илјадници луѓе се собраа втора вечер по ред пред Градското собрание на Истанбул, во знак на протест против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, најсериозниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, што многумина го гледаат како обид да се елиминира клучниот потенцијален противник од следната претседателска трка, пренесоа светските медиуми.
Имамоглу, градоначалникот на Истанбул, беше уапсен вчера, што предизвика масовни протести низ Турција. Тој е обвинет за повеќе дела, од корупција до тероризам, а апсењето дојде еден ден по поништувањето на неговата диплома од Истанбулскиот универзитет. Во исто време со Имамоглу, беа уапсени и повеќе од 100 други луѓе. Граѓани и студенти и излегоа на улиците во Истанбул и Анкара, а на протестот тие извикуваа „Ердоган диктатор“, изразувајќи гнев кон власта.
Коментирајќи ги вчерашните протести, Ердоган денеска изјави дека главната опозициска Републиканска народна партија „се обидува да ги прикрие сопствените грешки и да ги измами луѓето со „театралност“.
По ова, и вечерва на улиците на Истанбул излегоа илјадници луѓе на нов протест, а дел од нив беа пречекани со солзавец и гумени куршуми од полициските специјалци.
Турските власти претходно го блокираа пристапот до социјалните мрежи во Истанбул за да ги спречат демонстрантите да се организираат, а „Би-би-си“ објави дека десетици луѓе се уапсени поради „провокативни“ објави на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…