Објавено на:

(Видео) Голем пораз за македонските фудбалски надежи од Украина

t

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со пораз од Украина (0-4) го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство. Дуелот се одигра на неутрален терен во Истанбул, а избраниците на Драган Канатларовски го запишаа петтиот пораз.

Младите фудбалери имаа проблем со преносот на топката и играта пред голот на Украина. Тимот кој се бори за место во баражот за ЕП беше доста добро организиран и ги имаше повеќето од шансите во првото полувреме. Три добри прилики имаа Украинците, но не го најдоа патот до мрежата на Денковски во првиот дел.

Слично продолжи играта и во второто полувреме, противникот беше оној кој ја држеше топката во нозете. Се правеше притисок, Денковски и одбраната одолеваа, се до периодот од 69. до 71. минута кога паднаа два гола. Прво погоди Винук по асистенција на Ванат, а потоа истиот играч го проигра Судаков за 0-2. Третиот гол го даде Ванат, откако фантастично влезе низ нашата одбрана во 85. минута, истиот играч стрела и во 94. минута.

Македонија У21 ги заврши квалификациите на петтата позиција со вкупно девет бода.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…