(Видео) ГОЛЕМ СРАМ И БРУКА КАКОВ ШТО НЕ ПАМЕТИ РАКОМЕТОТ: Си даваа автоголови за да не победат!
Скандалозна сцена беше забележана денес во натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија.
Последните пет минути од овој натпревар се вистински пример како не треба да се однесуваат едни спортисти на теренот. Двете екипи во тој период си постигнуваа автоголови и намерно не постигнуваа голови на противничката страна.
Збунети од ситуацијата беа и судиите на средбата кои го прекинаа натпреварот, меѓутоа по консултации со записничката маса истата продолжи.
Засега не може да се каже која е причината на ваквиот срамен однос кон спортот на ракометарките на двете екипи. Средбата на крајот заврши со победа на гостинската екипа од 17-16.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ГОЛЕМ СРАМ И БРУКА КАКОВ ШТО…
Скандалозна сцена беше забележана денес во натпреварот…
Најлош период за Гвардиола во Манчестер Сити,…
Брајтон со пресврт во второто полувреме го…
ТЕХЕРАН МУ ПОРАЧА НА ТРАМП ДА СИ…
Иран го повика новоизбраниот американски претседател, Доналд…
КРИМ Е ИЗГУБЕН; Стратегот на Трамп откри…
Висок советник на новоизбраниот претседател на Соединетите…
Драма во Турција: Авионот не можел да…
Авионот СанЕкспрес на летот Анталија-Ван бил пренасочен…