(Видео) Голот на Мето Спасовски против Пеле и Бразил на „Маракана“ пред 150.000 навивачи
Легендите на Вардар и македонскиот фудбал Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски се единствените Македонци кои играле против најголемиот во историјата на светскиот фудбал, Бразилецот Пеле.
Светот денеска тагува по заминување на легендарниот Пеле кој на 82-годишна возраст ја загуби битката со ракот на дебелото црево, но остануваат сеќавањата на бројни фудбалери за дуелите со Пеле кој засекогаш остануваат запаметени.
Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски, кој исто така почина оваа година, настапија против Бразил во 1968 година на легендарната Маракана.
Тогаш, во дресот на поранешна Југославија, на пријателски дуел со Бразилците пред повеќе од 150.000 гледачи, Спасовски и Дојчиновски се најдоа во првиот тим на селекторот Рајко Митиќ. А, Мето Спасовски уште во 7. минута, пак, беше стрелец на првиот гол на мечот за водство на Југославија од 0-1.
Натпреварот заврши на крајот со 3-3, стрелец на погодок за Бразил беше и Пеле, а Мето Спасовски ќе остане запишан во историјата на македонскиот фудбал како единствен Македонец досега кој постигнал погодок против Бразил!
Извор: ЕКИПА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…