(Видео) Голчиште на Босанчиќ кој го спаси Вардар од пораз
Екипите на Гостивар и Вардар одиграа нерешени 1-1 (1-0), во рамките на петтото коло од Првата македонска фудбалска лига. Пред празните трибини во „Борис Трајковски“, гостиварчани први дојдоа до предност, а пред финишот Вардар дојде до гол за реми.
Средбата во скопската населба Маџари се играше пред празни трибини, а верните „Комити“ го гледаа мечот од блиската околина и го поддржуваа тимот од далечина. Првата вистинска шанса ја имаа гостиварчани, откако португалското крило Алдаир излета откосо пред голот на Гачевски, а голманот го скроти ударот. На спротивната страна обид имаше Дианеси, меѓутоа неговиот шут беше лесен плен за голманот Ерсу.
Резултатот беше отворен во 28. минута, а тогаш од вториот свој обид Алдаир успеа да погоди. Тој дочека топка низ шеснаесетникот и на втора статива ја смести во мрежаа за 1-0. И покрај водечкиот гол, подобар тим на теренот беше номиналниот домаќин. Гостиварчани се одржуваа во предност и не дозволуваа ривалот да се ослободи од притисокот. Иако имаа и други шанси, немаше промена на резултатот.
Се наметна и Вардар во продолжението, имаше по некоја солидна можност, како и два слободни удари од многу добри позиции. Првиот не го искористи Закариќ кој биеше во живиот ѕид. Сепак, од втор обид вардарци стигнаа до израмнување. Мајсторски гол посигна новото засилување Немања Босанчиќ. Српскиот играч за врска перфекно го префрли ѕидот и погоди во небранетиот агол за 1-1 во 85. минута. Голем зицер пред судиското надополнување промаши Машике за Гостивар.
До крајот резултатски промени немаше, ова беше трето сезонско реми за Гостивар кој има девет бода, а прво за Вардар кој е на четири. Со овој резултат вардарци го презедоа „фенерот“ на првенствената табела.
https://www.instagram.com/p/C_8TgwWMFdr/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…