Објавено на:

(ВИДЕО) Градот направи пустош во Валандовско, земјоделците бараат помош

t

Попладнево големо невреме го зафати Валандовско. Земјоделците од село Пирава јавуваат за огромни штети на насадите со градинарски култури, бостан како и оштетени лозја.

„Жално, вложен труд, средства и за пет минути го нема . Знам како е имаме и ние страдано вака , само здравје нека е во фамилија“ – коментираат земјоделците на фотографиите кои се споделени на социјалните мрежи.

Во објавите на Фејсбук земјоделците со жалење потсетуваат какви биле насадите пред невремето со град со што ја покажуваат целата немоќ пред временските неприлики и климатските промени кои секоја година се се’ поизразени. Тие очекуваат помош од државата.

И последните случувања со огромните штети кои ги трпат земјоделските производители од врнежите од град, повторно го отвара прашањето за земјоделското осигурување и потребата од носење на Законот за задолжително земјоделско осигурување кој е во владина процедура.

\

Превземено од Агротим.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари потврди дека Гарип Каба ќе биде…

Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН потврди дека…

Вучиќ за монструозните закани упатени кон неговиот…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборуваше за…

(Видео) “Бисер Балкански” ечеше на Триглав: 20…

Дваесет планинари од З.П.А “Трескаец” oд Прилеп,…

Би-Би-Си: Збунувачки првични резултати од изборите во…

Излезните анкети од изборите во Франција даваат…

„Ја спасивме Републиката“: новиот лидер на Народниот…

Еден од лидерите на левицата, Жан-Лук Меланшон…