(Видео) Громогласен аплауз и солзи: Моментот кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ
На заедничката литургија денеска во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј беше соопштена радосната вест.
-Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, ја одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Српската православна црква (СПЦ) ја призна автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави поглаварот на СПЦ, Порфириј.
Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.
– Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј.
Одлуката за признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква ОА ја поздрави државниот врв во двете земји бидејќи со неа се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
Погледнете го моментот на прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА кој го посведочија и стотици граѓани кои денеска присуствуваат на Божествената литургија во Соборниот храм како и оние кои честувањето на големиот христијански празник Св. Кирил и Методиј го преследија пред малите екрани од директниот пренос на телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…
Поворката со посмртните останки на загинатите од…
СПЦ со сѐ поголема поддршка за српските…
Шест епископи на СПЦ испратија писмо до…
Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие…
Свети великомаченик Георгиј На овој ден се…
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…