(Видео) Груевски пред промена на власта одлучи да им исплати на семејствата на загинати бранители по 50.000 евра – Првата одлука која ја укина СДС кога дојде на власт беше таа!
Во 2008 година, Груевски вети дека со дополна и измена на Закон ќе го реши проблемот на бранителите, починати, семејствата, луѓе кои се учесници, а не се ниту повредени ниту ранети, а денес се најбезвредни бидејќи одговорија на повикот на мобилизација, објаснува Надица Мирчовска, бранител и сопруга на загинат командант на воената полиција, во интервју за Инфомакс
– Побаравме кога им дадоа на УЧК министерство, да се формира одделение дали во Влада, дали во МТСП, дали во МО, не е битно ама во тоа одделение да бидат компетентни личности кои ја разбираат тежината на војната. Секој еден проблем, барање да биде преку нас, лично побарав. До ден денес тоа не се оствари. Зошто? Затоа што му се климаше коалицијата на Груевски, а денес се случува истото. Ако ги прифатат нашите барања, ќе им се растурат коалициите.
Мора ние Македонците, дали ВМРО, дали СДСМ, до ден денес они мора да ги исполнуваат условите на Албанците.
Јас немам против, они нека си бараат, ама ние што сме? Малцинство? Срам за државата, кога нема каде да се пожалиш… – вели Надица.
Таа раскажува дека македонските иселеници сакале да остварат средба со бранителите за да им објаснат како држават не им ги дала донациите од дијаспората на бранителите, кога тие средства биле уплатени на сметка на државата.
Како што објаснува Надица, Албанец вработен во македонскиот конзулат во Канада не им одобрил визи поради тоа што дел од тие што требало да патуваат наводно убивале цивилно албанско население.
– Не појдовме да се видиме со иселениците, не се остварија тие средби, зошто? Затоа што дел од полциијата, генералот Ристо Галевски и Ацо Стојановски, напишавме за да добиеме визи за во Канада, ама во конзулатот имало вработен Албанец. Ни вратија дека за тие и тие од МВР, дека не можат да идат, ставени се на црната листа поради тоа што учествувале во напад на цивилно албанско население… Што повеќе? Срам за државата, која дипломатија???
– Македонија застана да си го брани суверенитетот, зошто имаше агресија од надвор, а после тоа, кој, што, како, ние не сме тие да кажуваме што било и како било.
Креаторите на војната требаше да одговараат зошто до ден денес децата прашуваат што се случуваше, дали беше тоа војна? И зошто ние сега патиме? Сега сме на маргините, сите што ја бранеа државата се грешни што ја бранеа. Тоа не зависи од албанската страна, тоа зависи од македонските политичари, од двата политички блока.
Кога се менуваше власта Гриевски донесе одлука, за обесштетување на семејствата со 50.00 евра, на секое семејство на загинат бранител, другиот ден кога дојде СДС, првата одлука која ја поништи беше одлуката за смејствата на погинатите.
Се плашат коалициите да не им се распаднат, може и Албанците помеѓу партиите имаат несогласување, ама Македонците мора да се обединат, додека не се обединиме се така ќе биде. Војните нит завршиле, нит ќе завршат.
Моите ќерки го памтат татко им како во сон, што може да памти 5-6 годишно дете… – вели Надица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Путин: САД го креираа украинскиот конфликт
Рускиот претседател го обвини Вашингтон за организатор…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…