(Видео) Дали економијата е пред колапс, ќе си одат ли странските инвестиции, за мигрантите и минималната плата – Битиќи со детална анализа за Инфомакс!

t

Изјавата дека економијата е пред колапс е слика на тоа каде ја доведоа економијата за неполни две години, истакна Битиќи во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс коментирајќи ја изјавата на Александар Николоски за новиот систем кој е проблем за македонските транспортни превозници.

Според Битиќи ова е резултат на целокупната економска политика, односно немањето идеја на Владата како да ја движи економијата. Како што истакна актуелниот пратеник и поранешен вице-премиер, најголеми губитници ќе бидат граѓаните на Македонија, бидејќи странските директни инвестиции лесно можат да си заминат доколку државата не им овозможи соодветни услови за работа.

– Мораме да ги земеме предвид сите фактори кои довеле до оваа состојба, ние сакале, или не, однесувањето на САД и ЕУ имаат големо влијание врз нашата економија. Првиот удар, којшто сметам дека е со среден до висок ризик е индустријата и извозот затоа што нашиот извоз е 70% во ЕУ. Не секогаш извозот го прават нашите транспортери, но 90% е со наши компании, тоа значи дека и транспортот и логистиката се со висок системски ризик. Што значи тоа? Ако државата не направи механизам, да седне на преговарачка маса со ЕУ, за да го реши системски овој проблем, они нема да направат парцијални решенија. Тоа што нас сега ни изгледа, ќе им ставиме ултиматум, они не знам што ќе кажат… Не! Ако нас ни падне извозот, нас ни паѓа економскиот раст, објасни Битиќи.

Втор удар според него е моментот што, ако транспортот е поскап, увезената инфлација ќе биде уште повисока.

– Бидејќи цените на берзите не се зголемени, кај нас производите ја ублажија стапката на инфлација, но бидејќи ние внатрешно не можеме да се справиме, тоа предизвика вештачко зголемување на цените на производите и тоа ќе падне на грб на граѓаните, вели Битиќи.

Според пораншениот вице-премиер, странските инвестиции се одложуваат.

– Тоа го покажуваат податоците, имаме нето-одлив, минусни инвестиции, наместо да доаѓаат нас ни се одлеваат парите од државата. Второ, капиталот станува поконзервативен, веќе инвеститорите не веруваат во финансиските институции како такви и тоа е среден ризик, но негативниот ефект веќе го имаме. Странцките инвестиции имаат три клучни работи кои секогаш ги имаат предвид. Прво, деловно опкружување, они сакаат да знаат ако дојдат во една земја, дали таа земја во наредните минимум 10 години нема да ги смени политиките и дали крајната цел е јасна, дали некогаш таа земја ќе биде дел од поголем пазар. Они доаѓаа во Македонија затоа што беа убедени дека Македонија кога и да е, некогаш ќе стане дел од европскиот пазар, а тоа се сега со сите земји кои влегуваат Грузија, Молдавија, Украина, Западен Балкан, тоа е отприлика 800 милиони луѓе пазар. Тоа е првата причина зошто доаѓаат.

Второ, колку земјите, владите, се конзистентни во нивните политики. Ние кога дојдовме на власт во 2017 направивме само реадаптација на политиките за поддржување на странските инвеститори, дури за нивно изненадување, бевме поекспедитивни од претходно, ние низ годините ги зголемувавме странските инвестиции, за да сега Владата нема едно нешто кое се справува со странските инвестиции. Инвеститорот си вика ако ме оставите сам да се справувам ќе си отидам во Полска или во Словачка, кои се во ЕУ, да, нивната работна сила е поскапа, но продуктивноста е поголема.

И сега на сето ова има трет проблем, бирократско-административен. Вие како Владата треба да ги заштитие интересите на домашните компании и странските инвестиции. И кој ќе биде одговорен? Нека извинат колегите, но инвеститорите не се задоволни како претходно, нема предвидливост на деловното опкружување, не знаеме државата на кое столче седи. Во такво опкружување нема ни домашни, камо ли странски инвестиции, вели Битиќи.

Според пратеникот, оваа Влада нема план како да продолжи. Македонија должи на Бехтел и Енка, неплатени обврски кон странски инвеститори, поврат на ДДВ, доцнат плати и пензии и слично. Покрај ова, Битиќи додава дека тешката индустрија наскоро ќе добие и такса за јаглерод моноксид, со што секој еден мегават произведен во РЕК Битола, ќе има дополнителен издаток од 60 евра, што значи субвенциониратиот мегават ќе биде 120 евра.

– Тоа не зависи од нас, но Владата нема јасен план. Тоа што е сигурно, имаат добар план да бидат подалеку од било каков сојуз во кој има строги правила, за да никој не ги гледа што реално тие прават. Стандардот за транспарентност си го поставуваат самите на себеси, велат доволно е толку да знаете, не прашувајте повеќе. Само да кажеме дека кај јавните инвестиции, кај патните правци, капацитетот на нискоградба во Македонија вкупно имаат одвај 1500 вработени во најдобриот момент. Во овој момент Бехтел и Енка има 2236 вработени, од кои сигурно преку 2000 се странски работници. Еве јас прашувам каде се нашите домашни работници да работат на Бехтел и Енка? Нели 70% ќе беа домашни работници? Како Непалци и Индијци станаа домашни работници? – прашува Битиќи.

Увозот на странски работници мора да биде контролирана, Владата мора да каже кои се најдефицитарните сектори каде работна сила е потребна, а не може да се задоволи со наши сограѓани, потенцира Битиќи.

– Мојот пристап секогаш бил дека нашиот сограѓанин мора да се вреднува достоинствено, мора да го насочиме, доквалификуваме, за да биде на работни места кои се повеќе платени. Ако може другото да се замени со непродуктивно, поевтино, зошто да не? Ќе се вратам на капиталните инвестиции, вие ако донесете и инженери и проектанти од странство, а на нашите сограѓани им ја нудите физичката, најтешка работа која најмалку се плаќа, ќе кажат луѓето дека не се заинтересирани за тоа. Тоа е интервенцијата на Владата. На секоја економија ѝ треба дополнителна работна сила, но јас имма браќа кои живеат надвор од Македонија, тие имаат добро платени работни места, тие се продуктивни, но вие имате мигранти кои не можат да се снајдат во германската економија затоа што немаат квалификации. Затоа, ние мора да знаеме што сакаме како држава. Кога имате јасна политика од Владата, каде ни треба сополнителна работна сила, наспроти увезена, е сосема различно. Тоа што се нуди на други земји како репатријацијата на мигрантите од Велика Британија, Италија итн, таму не зборуваме за индивидуални работници, туку мигранти со цело семејтво, тие бараат нова перспектива во одредена развиена земја. Бидејќи немаат соодветни квалификации тие не ги прифаќаат, ќе ги вратат на друго емсто. Тоа се два сосема различни концепти во економијата и во сегментот на труфовата политика, нагласи Битиќи кој додава дека ова нема врска со демографските политики, јас знам што нас не очекува во демографските проекции во 2050 година, но тоа се различни работи за кои зборуваме.

Во врска со минималната плата, Битиќи смета дека доколку синдикатите и работодавачите не можат да се договорат, Владата мора да интервенира.

– Минималната плата мора да одговара на потребите на граѓаните, според мене во овој момент се створени сите услови да минималната плата биде 600 евра, но да се работи на зголемување на продуктивноста на работниците, а платата е еден од клучните елементи за мотивација на работниците во Македонија, смета Битиќи.

Погледнете го целото гостување на Битиќи во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали економијата е пред колапс, ќе…

Изјавата дека економијата е пред колапс е…

Брод со мигарнти се преврте во Грција,…

Грчките власти пронашле тело на 4-годишно момче…

161 РАБОТНИК ПОЧИНАЛЕ! 1.180 несреќи при работа…

За туѓи бели дворови, копај си црни…

Македонија ќе остане со 3.000 деца годишно…

3760 деца на возраст од 10 години,…

Трендафилов: На кого му одговара македонските квалификувни…

На кого му одговара македонските квалификувни работници…