(Видео) Дали “Ортак” на Александар Николоски го бетонизира Водно “на чекор” до премиерската вила?
На плац на водно фирма која се вика Маркиза купува плац без пристапен плац до него, ко-основач на фирмата е БИСИ на Фреди чиј сопственик наводно е близок, ортак со Александар Николоски, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митоски.
-Маркица за градба има дадено Саша Богдановиќ, не се во ДУП и Герасимовски го поништува. Уставен суд ја поништува одлуката на Општина Центар и им дозволува да градат, иако не се во ДУП.
Во оваа ситуација Маркиза иде таму, идејќи дозволата им завршува во јуни, јули, сабајле одат со багер за да прикажат градба да не им припадне дозволата.
Арно ама нема влез плацот тие влегуваат под вилата на премиерот, во парк-шума Водно и си прават пат да влезат таму. Од Град Скопје не дозвола, забрана имаат добиено за сечење дрвја таму.
Оди екипа од Инфомакс, ги задржаа, дојдоа полиција, АНБ, шеста управа, многу им требаше да констатираат дека не сме никаква опасност за државата, објаснуваат Митовски и Милошевски.
Со 13 гласови ЗА, советниците на Општина Центар ја стопираа изградбата на пристапната улица 5 предвидена со ДУП от за Градска Четврт Ј 07 која беше предвидена за пристап во зелениот појас на Водно. Со оваа одлука на советот, фирмата „Маркеза ДОО“ нема да има можност да гради во парк шумата.
Жителите од улицата „Питу Гули“ долго време барале начин да спречат бетонизација на тој дел од Водно, а испратиле и жалба и до Министерството за транспорт – со клучен елемент дека до плацот каде треба да се гради нема пристапен пат. Но министерството ги одбило.
Фирмата „Маркеза ДОО“ во сопственост на Филип Костиќ кој е партнер со БИСИ ДООЕЛ, во сопственост на екс-функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Георгиевски – Фреди.
Целата емисија проследете ја на следниот линк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден велосипедист: Автомобил удрил во него…
На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР…
Протестен марш против бетонизација на Ѓорче во…
Граѓаните на општината Ѓорче Петров во четврток…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Арсовска најави голема акција за пошумување на…
Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…
Нова спасувачка акција на Водно
Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот…