(Видео) Дарко Димовски стори кривично дело злоупотреба на лични податоци со објава на доказ во судска постапка кој не е анонимизиран!
Директорот на ЈП “Водовод и канализација”, Марјанчо Митовски на денешната вонредна прес-конференција истакна дека до него нема пристигнато ниту една пријава за мобинг од вработените во Водовод.
– До овој момент до мене како директор на ЈП Водовод нема пристигнато ниту една пријава за мобинг. Доколку постои таква намера јас ги охрабрувам во таа намера бидејќи и на мене како личност ми е во корист јавноста да ја знае вистината.
Што се однесува до наводните пресметки, распоредувања и откази веднаш сакам да потенцирам дека до овој момент ниту еден редовно вработен во ЈП Водовод и канализација не е избркан од работа.
Точно е дека има хоризонтални поместувања кои не се со решенија кои не се трајни туку се времени задолженија поради редовни потреби на претпријатието. Ниту се скратени платите на овие десетина прераспределни и ниту се намалени бодови за плата или деградирани на било каков начин.
Од нив се бара единствено да работат и да си ги извршуваат своите работни задачи за кои се платени.
Она што исто така сакам да го прокоментирам а за кое проструи информација во јавноста дека на госпоѓа Лила Димовска ѝ се скратеи привилегиите додека е на платено отсуство, односно не е на работа шест месеци, за кое не посоти ниту еден друг таков приер во ова претпријатие. Морам да ги разјаснам маимпулациите за наводно бркање на десетина лица во ЈП Водовод кои мојот претходник ги ангажирал преку Агенцијата за времени вработувања на кои кои по звршувањето на потребата за нивен ангажман истите не беа продолжени бидејќи нема потреба од нивните услуги.
Во врска со информациите дека се одат дисциплински постапки против 40 лица сакам да ги смирам вработените и да ја информирам јавноста дека тоа не е точно, постојат неколку дисциплински поради тешки пвреди на работното месо косттаирани од комисијата за ревизија за кои следи постапки по службена должност. Ниту јас ниту бло кој од ова ЈП не преземал мерки против вработените на нивна штета. Јас тука работам 12 години и сум дел од овој колектив и исто како колегите носам исти права. Ги охрабрувам синдикалците максимално да ги искористат своите права на штрајк, максимално да се борат за работниците бидејќи кога јас бев жртва на мобинг, моите права беа прекрени ниту овој ниту било кој дриг синдикат немаа можност да застанат во моја одбрана бидејќи беа заплашувани, уценувани и замолчувани, рече Митовски.
Директорот додаде дека претседателот на ССМ, Дарко Димовски сторил кривично дело со тоа што објавил доказ во судска постапка кој не е анонимизиран и на него стојат лични податоци на инволвираните страни во процесот.
– Лекарскиот записник кој денес Дарко Димовски сметаше дека е неопходно да го објави е доказ во судска постапка во која јас тужев за мобинг врз мене. Сакам да го информирам Димовски дека со објава на докази во судска постапка кои не се анонимизирани и содржат лични податоци на инволвирани страни тој изврши кривилно дело по член 149 од КЗ – Злоупотреба на лични податоци, истакна Митовски.
ЛИНК од прес-конференцијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…
Не дека многу ги почитувам или поздравувам…
(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…
Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…
(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…
Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…
Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…
Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…
И Европјаните кренаа раце од нас: Со…
Со својата реторика Владата и власта и…