(Видео) Дарко Костовски го послуша советот на Данела Арсовска: Ќе ги поништи штетните ДУП-ови за изградба на згради во Бутел
Дарко Костовски денеска го прифати советот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за поништување на два спорни детални урбанистички планови во општина Бутел.
Во едниот план е предвидено изградба на седум згради, додека во другиот план изградба на четири згради од кои две се висококатници и во зелен појас на Градот.
Гардоначалничката Арсовска претходно на прес-конференција упати апел до градоначалникот да ги поништи овие планови.
Костовски денеска истакна дека “го прифаќа предизвикот на Арсовска и веќе на утрешната седница на Советот на Општина Бутел ДУП-овите ќе бидат ставени на разгледување и се надева дека брзо ќе бидат поништени.”
На еден од плацевите кои се наоѓаат во зелен појас на градот веќе има багери кои работат на подготвување на теренот за изградба на згради. Ова денеска му го посочивме на градоначалникот Костовски кој уверува дека механизација таму нема, но нашите фотографии го зборуваат спротивното.
На самата прес-конференција апелиравме, а апелираме и сега општината да испрати инспекција за да ја утврди фактичката ситуација на терен, бидејќи самиот Костовски тврди дека Општина Бутел не дала дозвола за вршење на било какви активности таму.
Во продолжение фотографиите на кои се гледа дека механизација без дозвола го расчистува теренот во зелен појас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајка во Бутел, се судрија две возила
Сообраќајка на раскрсница во скопската населба Бутел…
Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…
Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…
(Фото) Улиците низ Бутел како хорор филм:…
Мрак по улиците на Општина Бутел. Политичката…
Двајца возачи осомничени за страотната сообраќајка во…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување…
Хаос во Бутел, граѓаните бараат одговорност од…
Невремето кое ја погоди цела Македонија, а…