(Видео) Дачиќ: Не сакаме туѓо, го бараме своето
Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србите се во ситуација кога треба да се правдаат зошто Србија не сака да го прифати територијалниот интегритет на Косово.
Дачиќ, на седмиот парламент на СНСД, што се одржа денеска во Добој, посочи дека меѓународниот притисок треба да се насочи кон оние кои сакаат да создадат унитарна Босна и Херцеговина, наспроти еднаквоста на сите три народи.
„До оние кои би сакале да ги изберат своите Хрвати меѓу хрватскиот народ и своите Срби од српскиот народ. Тој нема да може да го направи тоа. И затоа Република Србија, а со тоа и секако Социјалистичката партија на Србија, цврсто стои зад Република Српска, правата на српскиот народ и зад претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, рече Дачиќ.
Тој посочи дека слична е ситуацијата на територијата на цела поранешна Југославија.
„Во смисла на оспорување на правото на српскиот народ на Косово и Метохија и територијалниот интегритет на Република Србија. Сега сме во ситуација кога некому треба да се правдаме зошто е нарушено, и зошто Србија не сака да го прифати територијалниот интегритет на Косово и Метохија, таканареченото Косово, и постојано сме обвинувани дека го нарушуваме. И никој не прашува како е нарушено и зошто е нарушен територијалниот интегритет на Србија. Затоа Србија и српскиот народ во целина се толку цврсти во своите ставови, бидејќи ние едноставно се браниме. Секој од нас е дел од тој простор на српскиот народ. Јас сум роден во Косово и Метохија, ти си роден овде во Република Српска. Не бараме туѓo, го браниме своето“, рече Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…