(Видео) Дебитна картичка од компанија чиј управител е Орце Тодоровски Ефто е пронајдена кај Марјан Стаменковски?!
Има бивши политичари, неодамна заминати од лидерски функции, има доста пратеници, многу градоначалници, најчесто скопските градоначлници биле често застапени во телефонот на Марјан Стаменковски, вели во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
– Паника ги има фатено сите, има и новинари меѓу нив.
Нека каже Васко Ефтов дали има информација дека кај Марјан е пронајдена картичка од компанија во која меѓу управителите е Орце Тодоровски Ефто, мастер кард, компанија во која до скоро имаше удел и Мицкоски. Еве јас имам информации и ќе бидат потврдени. Нека потврдат било кој од овие влогери. Од предвремените парламентарни избори пред три години почнале да се префрлаат пари, отприлика 60.000 евра.
Имам една информација која вели дека рочиштата, да цитирам, “ќе бидат циркуз Адрија”, со цитати од пораките, за дел од пораките сум сигурен бидејќи сум ги видел сам, истакна Митовски.
Филип Петровски додава дека Мицкоски практично нарачувал текстови за дискредитација на личности кои не му одговараат:
– Мицкоски имал нарачки кај Марјан Доказ, обиди за нарачки кај вас, трет медиум на Мицкоски кај што нарачувал исто, тој има ментален склоп да нарачува текстови за дискредитација на личности кои не му одговараат, вели Петровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…
Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…