(Видео) Детали во текот на утрешниот ден! Митовски: Поради исказ на човек близок до Заев падна случајот “Делчевски ниви”!

t

Како падна обвиненето за “Делчевски ниви” и како обвинетите се ослободени, кој си купи мир и доби должник во опозицијата откриваме во денешната епизода на Тешки муабети каде уредникот на Инфомакс, Александар Митовски откри детали за случајот.

– Човекот кој го повлекува исказот за Делчевски ниви, истрагата е повлечена поради промена на исказ на сведок. Во првичниот исказ кажал дека бил во заблуда, овие го измамиле и слично и така им ги земале парите на акционерите на ЕВН, меѓу кој и државата.

Во првиот момент кога почнува истрагата за Делчевски ниви, СДСМ се обидува да направи афера за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за да ги прикажат како криминалци. Го наоѓаат овој случај кој е реален.

Еден од сведоците е господинот Сашо Стојкоски, повереник на Владата на РМ во ЕВН, значи државата има свој претставник во ЕВН кој треба да биде чувар на капиталот.

Овој човек е делегиран од Зоран Заев како премиер. Овој човек делегиран од страна на Зоран Заев потпишува меѓу другото и документи за купопродажба, дава согласност да се купи земјиштето итн… Тој го менува исказот пред некој ден и дава пас, алиби на обвинителството да се затвори случајот иако ова нее доволно бидејќи исказ е најмал по вредноста на докази, материјален доказ е најважен, очевидци и сведоци кои се последни…

Обвинителството во било кој друг случај промена на исказ би го сметало за променета околност, но никогаш не би затвориле случај затоа што е сменет исказот бидејќи Обвинителството кога има истрага или предистрага мора да има собрано доволно докази за да има основано сомнение дека таму е направен некаков криминал. Тие и без овој исказ имале доволно докази за да ја продолжат постапката, но менувањето на исказот е алиби за затворање на случајот.

Сашо Стојкоски е делегиран од државата да го чува капиталот на државата во ЕВН.

Според сето ова претпоставувам дека претходното раководство на Владата и на СДСМ помогнало да се затвори овој случај, ако се сеќавате Нинџа седум пати менуваше исказ и седум пати се сменија околностите но не падна случајот.

Никој не може да ме убеди дека вака ќе се затвори случајот ако нема тука интерес, веројатн бизнис интерес. Каква-таква ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и може да го скандализира работењето на Зоран Заев, на овој начин тој си купува раат и си добива должник кај опозицијата која сега не смее да му го спомене името.

Единствен кој го нападнал Зоран Заев е Никола Груевски кој објави мега-афера на Заев но никој не го споменува тоа, вели Митовски кој најави дека во текот на утрешниот ден на Инфомакс ќе бидат објавени детали за случајот.

До објавата на текстот следете ја денешната епизода на Тешки муабети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Најскапите ниви во Европа се на Малта,…

На ниво на Европската Унија, цената на…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…