(Видео) ДКСК, Народно правобранителство и останати институции сериозно да се зафатат со истражување на “богаташите” во затворска полиција
Наместо департизација, политиката влегува во МВР и останатите институции, нагласува Гоце Делчев, претседателот на независниот полициски синдикат.
– Се што поставивте како прашање е тема на дискусија низ Македонија, тоа е прашање не за реконструкција во затворите туку можеби е потребен целосен ремонт.
Ние како синдикат се обидувавме да разговараме со одресени директори и со министрите од Дескоска, преку Маричиќ и сега Тупанчески кој најмалку обрати внимание на нашите прашања.
И да има наши вработени кои имаат огромни богатства тие треба да се прашаат на кој начин и во кој период се стекнале со богатството, ние имаме антикорупциска програма бидејќи има луѓе кои партиски влегуваат и во МВР и во правда.
Министерот за внатрешни со години кажува дека ќе ја исфрли политката но таа влегува во МВР.
Јас гласно кажувам антикорупциска, правобранителство ова јас што го зборувам да го фатат и сфатат како сериозен момент да почнат со расчистување на ова бидејќи е отидено многу далеку, вели Делчев.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=762092014787885¬if_id=1655494829184454¬if_t=live_video_explicit