Објавено на:

(Видео) Додека едниот дел од Украина е под стрес и напади, другиот дел го користат топлото време за плажа и дружба

t

Луѓето во Киев, кој до неодамна беше под силни напади на Русите, топлите денови ги компензираат со ладни пијалаци и дружења на плажа.

Жителите на Киев го искористија убавото и топло време минатиот викенд, се капеа и слободното време го поминуваа на централната градска плажа на брегот на реката Днепар, а само неколку недели претходно главниот град на Украина беше цел на руски напади.

На фотографиите од плажата може да се забележат стотици луѓе како се сончаат, играат одбојка и пливаат.

Сцените од овој град до неодамна беа полни со чад, урнатини и бомбардирање, пишува „Дејли мејл“, потсетувајќи дека во тоа време снегот покриваше поголем дел од градот, додека сега летото донесе релативен мир бидејќи руската војска се повлече во источна Украина.

И покрај убавото време, владее и атмосфера на нервоза, особено кај машката популација, која очекува наскоро да биде поканета на борбените линии, во време кога, според статистиката од Киев, секој ден гинат по 100 Украинци.

Заканата од напад сѐ уште е присутна, претходниот викенд во Киев се огласија сирени за тревога.

Полицискиот час сѐ уште е на сила од 23 до 5 часот наутро, но дотогаш преовладува чувството на „нормалност“, со отворени кафулиња и ресторани.

Родителите и луѓето со домашни миленици шетаат покрај водата. Украинска „Правда“ пишува дека градските спасувачки служби во моментов трагаат по експлозивни направи на градските плажи и на дното на реките Днепар.

Минатата недела градските власти соопштија дека главната градска плажа и плажата Венеција се исчистени од мини, односно дека не се пронајдени.

„Луѓето се чувствуваат благодарни, но се прашуваат дали прават доволно за да и помогнат на земјата“, рече Сњежана Вијалко за АП, додавајќи дека таа и нејзиниот партнер неодамна купиле јагоди од трговец со овошје кој го поставил својот штанд каде што пред неколку недели бил контролен пункт со барикади и вреќи со песок.

Сè уште има контролни пунктови, пишува Дејли мејл, но значително помалку од порано. Исто така сообраќајот се одвива нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…