(Видео) Додик сакаше да го бакне Путин 3 пати, наместо втор бакнеж го бакна воздухот!

t

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

На средбата се случила малку смешна ситуација кога Додик отишол да го бакне Путин три пати, но очигледно еднаш му било доволно на Путин.

Изгледаше дека Путин е збунет од ситуацијата, па го потапка Додик по рамо и ги избегна другите два бакнежа.

Путин на средбата рекол дека Русија не го менува ставот во однос на Дејтонскиот договор и оти сметаат дека Дејтон е основа за зачувување на ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и за развојот. Путин рече дека е познат ставот на Русија и изјави дека надлежностите во Дејтонскиот договор се фиксирани и дека Русија ќе придонесе за тоа.

„Господине претседателе, драг пријателе, топло ви посакуваме добредојде во Санкт Петербург. Не толку одамна се сретнавме на спортски настан. Денес ја прифативте нашата покана да учествувате во работата на форумот во Санкт Петербург. Ние сме многу среќни поради тоа“, му рече рускиот претседател на Додик.

Додик, од друга страна, му се заблагодари на Путин за „принципиелноста за Дејтонскиот договор“.

https://www.facebook.com/100063858368979/videos/1678349069604943/?__so__=watchlist&__rv__=video_home_www_playlist_video_list

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на…

Шукова: Најавите за корекција на цените се…

Политиките на власта со така наречени кошнички…

Муртезани: Мора да го штитиме процесот од…

Мора да го штитиме процесот на пристапување…

Прогласена вонредна состојба на Крим поради излевање…

Руските власти денеска оценија дека ситуацијата е…

Обвинителството на Босна и Херцеговина побара притвор…

Обвинителството на Босна и Херцеговина до Судот…