Објавено на:

(Видео) Доналд Трамп му вети на Хабиб дека ќе ја прекине војната во Газа

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп присуствуваше на настанот УФЦ 302 во Њу Џерси и изјави дека ќе ја запре крвавата војна во Газа.

Трамп доби овации од толпата во Њуарк, Њу Џерси на УФЦ 302 додека навивачите го чекаа мечот меѓу Дастин Пориер и Ислам Махачев. Хабиб Нурмагомедов беше во аголот на Ислам Махачев, кој во 5. рунда успеа да го совлада Пориер со завршница. Нурмагомедов го искористи присуството на Трамп и го повика да ја прекине војната меѓу Палестинците и Евреите.

„Запрете ја војната во Палестина. Знам дека ќе ја прекинете војната во Палестина“, рече Хабиб.

Еве што му кажа Трамп:

„Ќе го запреме. Ќе ја прекинам војната“, рече Доналд.

Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври. Најмалку 1.000 луѓе во Израел загинаа од почетокот на војната, додека повеќе од 30.000 загинаа во Палестина.

Во моментов околу Трамп се собраа многу темни облаци. Поротата на Окружниот суд на Менхетен го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

Судот во Њујорк својата одлука ќе ја соопшти на 11 јули, а на 15 јули е закажано отворањето на конвенцијата на Републиканската партија, каде се очекува Трамп и официјално да биде номиниран за кандидат за следните претседателски избори.

Извор: ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари

Трамп го најави T1 – новиот американски…

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…