Објавено на:

(Видео) Драма во Ереван: Верници и Попови се тепаа со Премиерот и неговото обезбедување – Пашињан во отворена војна со најстарата христијанска институција

t

Сериозна политичко-религиска криза ја тресе Ерменија, откако конфликтот меѓу премиерот Никол Пашињан и Ерменската апостолска црква ескалираше до инцидент во сам храм, каде беше забележана и физичка пресметка.

Според информациите и видеата кои се шират на социјалните мрежи, инцидентот се случил по богослужба во црквата „Света Ана“ во Ереван. За време на напнатата атмосфера, еден верник му се обратил на Пашињан со остри зборови, по што се обидел физички да го нападне од зад грб. Обезбедувањето реагирало веднаш, напаѓачот бил совладан, а премиерот изведен од објектот.

Овој настан доаѓа во момент кога односите меѓу државата и црквата се на најниско ниво во последните децении. Владата предводена од Пашињан веќе подолг период води жестока конфронтација со црковниот врв, обвинувајќи го за политичко влијание и отпор кон реформите.
Дополнително, државата најави чекори со кои практично ќе ја преземе контролата врз Ерменската апостолска црква – институција со повеќе од 1.700 години историја и клучна улога во националниот идентитет на Ерменија.

Пашињан јавно зборува за потреба од „прочистување“ и создавање црква која ќе биде во согласност со државните интереси.
Во меѓувреме, веќе се приведени и истражувани високи свештеници, а против дел од нив се водат постапки, вклучително и сомнежи за политичко делување и обид за дестабилизација на власта. Овие потези дополнително ја подгреаја реакцијата кај верниците и дел од јавноста.

Конфликтот има и подолга позадина. Црквата, која традиционално има силно влијание во општеството, сè почесто се судира со владините политики, особено во период по чувствителните геополитички одлуки на земјата.

Аналитичарите оценуваат дека ситуацијата веќе не е само политички спор, туку отворена борба за влијание меѓу државата и една од најмоќните институции во Ерменија.
Инцидентот во црквата, кој заврши со обид за напад врз премиерот, само ја потврдува длабоката поделба во општеството и покажува дека кризата влегува во нова, порадикална фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Драма во Ереван: Верници и Попови…

Сериозна политичко-религиска криза ја тресе Ерменија, откако…

Пакистан најавува преговори меѓу Иран и Америка

Поминаа 30 дена од почетокот на војната…

Силни експлозии во Техеран и прекини на…

Силни експлозии одекнале во Техеран, според информации…

Синот и членовите на „Христијанско братство“ со…

Божидар Грозданоски, син на лидерот на организацијата…

Јавното обвинителство ја поздравува реакцијата на ЗНМ…

Јавното обвинителство ја прифаќа и ја поздравува…