(ВИДЕО) Драма во Париз: Тинејџер (15) е убиен во масовна тепачка во близина на гимназијата Роден
Група од десет млади биле вклучени во тепачката што избила рано утрово. Според првичните информации, 15-годишен тинејџер починал откако бил избоден со нож. Овој млад човек не учел во гимназијата Роден.
По трагичниот настан, останатите учесници во тепачката побегнале, а од полицијата велат дека лекарите и итната медицинска помош на лице место се обиделе со реанимација. За жал, смртта на младиот човек била констатирана нешто по 9 часот.
„Имаше еден господин од зградата кој ми се јави, истрчав до жртвата и ѝ дадов прва помош“, изјави Мануел, чуварот на блиската зграда кој брзо интервенирал.
“Тој е млад човек. Јас сум татко, па знам за младоста. За жал, мораше да умре вака. Срамота е”, додал тој, пишува BFMTV.
Француските медиуми стапија во контакт со гимназијата, кои одбиле да дадат некаков коментар и ги упатиле во ректоратот.
Париската противпожарна бригада интервенирала и испратите пет мотори на местото на настанот, како и три возила за спасување и помош на настраданите.
Според обвинителството, ова убиство е дел од „феномен“ каде што често се повторуваат вакви тепачки, а поточно во 13-тиот арондисман од мај 2024 година се евидентирани дури осум конфликти.
„Не разбираме што се случува. Тоа е неподносливо, а уште помалку во и околу нашите училишта“, коментираше за овој трагичен настан социјалистичкиот пратеник на Париз, Емануел Грегоар, поранешен заменик на Ана Идалго и кандидат за градоначалник на Париз.
Тој, како и многу други функционери, испрати пораки со сочувство и изрази сочувство до семејството на жртвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…