(Видео) Драма во Собранието за малку не се случи тепачка: Пратеничката за која Гоце е враќање во минатото ја прекина седницата

t

Повторно не почна расправата по двете точки на дневниот ред на деветта седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која денеска го имаше петтото продолжение.

Поради несогласувања на опозициските пратеници и претседателката на комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред на седницата, таа даде еден час пауза.

Според Лазаревска, дневниот ред бил изгласан со осум гласа „за“ на седницата на 17 јуни 2021 и затоа продолжуваат со работа.

Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ пред само неколку дена на предложената декларација за Гоце Делчев од ВМРО-ДПМНЕ во екот на натегањето со Бугарија за припадноста на револуционерот гледа како на чекор назад, а не напред.

„Ми пречи што со декларација сакаме да се враќаме назад. Во однос на она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето улици, училишта, во неговото празнување, почитта кон него, таа декларација навистина значи враќање назад, а не чекор напред“, објасни Лазаревска.

Околу денешниот настан свој коментар има и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски.

-Повторно СДС продолжува со единствениот начин на кој знаат да функционираат, а тоа е кршење на деловникот за работа на Собранието со тоа што сакаат да протуркаат закон за партизација на образованието.

ЛАЖАТ дека сакаат да покачат плати, ако сакаа да го направат тоа ќе го направеа вчера на Комисијата за труд и социјална политика со прифаќање на амандманите на опозицијата за усогласување на колективните договори со министерствата.

Единствено важно им е да вдомат 4500 партиски војници со укинување на критериумите воспоставени во сегашниот закон, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…