(Видео) Државата ќе треба да плаќа милионски оштети за укинувањето на аболицијата на Иванов: ЕСЧП спомнува и преседани од Македонија

t

Адвокатот на Гордана Јанкуловска и нејзин сопруг, денеска во судот побара од судот да се произнесе по барањето од ЕСЧП бидејќи во таа одлука иако многумина сакаат да ја толкувата како укинување на амнестиите на Иванов, тоа е класична пропаганда, неписмен човек, а не правник, бидејќи во одлуката на Стразбур стои дека е направена процеска грешка, околност која ја ценел судот, објснува во днеешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Судот ургира македонскиот правосуден систем што побрзо да се произнесе со тав кој ќе биде задолжоителен за сите судови дали важат или не важат аболициите. Во истата таа одлука има 20-30 точки во кои во 18. точка вели:

– “Веќе има во Македонија судски предмет по кој е одлучено според аменстиите, тој се повикува на претходна одлука. На 15 април 2016 година Кривичниот суд во случајот ПУЧ ја запре постапката за кривично судење против неколку обвинети лица вклучувајќи го и Зоран Заев во тој момент лидер на СДСМ а потоа и премиер со образложение дека амнестијата која на него му е дадена од претседателот е важечка.” – стои во одлуката на Стразбур кој се повикува и на случајот Поткуп, уважена е амнестијата и во случајот на шефот на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски.

Незаконско во целата постапка е постапувањето по оваа одлука за помилуање или аболиција. Носење на Закон за поништување за амнестија на претседателот на државата е незаконска, тој е спротивен на Устав. Има и одлука на Уставниот суд, тој донел повеќе решенија дека аболицијата е неотповиклива со Закон или било која друга одлука.

Државата ќе треба да плаќа милионски оштети за овие луѓе кои се судени противзаконски, не смеело да има постапка против нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…