(Видео) Еве како изгледаше денешниот протест предцементарница „Усје“
Под мотото „Блокада против труењето на Усје“ утре од 18 часот повторно ќе се одржи протестен собир на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, во правец кон цементарницата „Усје“ во Скопје.
„Ова веќе не е институционален пропуст, ова е свесно игнорирање на јавното здравје и човековите права. Кога институциите молчат, граѓаните зборуваат. Кога нема одговори, има блокади. Затоа на 21.01.2026 одиме на блокада. Затоа што немаме луксуз да чекаме додека се разболуваме и умираме! Ова е последно предупредување. Здравјето не е предмет за игнорирање. Воздухот не е привилегија. Молкот нема да помине“, соопштија од иницијативата „Стоп за Усје“.
Од компанијата „ТИТАН Усје“ деновиве повторија дека емисиите од нивната работа постојано се под граничните вредности определени со закон, а од 2007 година тие се мониторираат 24 часа.
Како што посочија оттаму, мониторинг се врши 365 дена во годината од независен, автоматски систем за вкупна прашина, SO2и NOx, кои се контролирани од надлежните органи.
„Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите“, рекоа од ТИТАН Усје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Врие“ во Давос: Меркел, фон дер Лајен…
Без САД сега ќе зборувавте германски и…
Златото го сруши историскиот рекорд, стравот од…
Заканите поврзани со Гренланд и растечките геополитички…
Србија повторно одби санкции: Брисел го мери…
Србија повторно не се усогласи со најновите…
Обвинувања за Антикорупциска- оттаму негираат судир на…
Левица со сериозни обвинувања за Антикорупциската за…
Бомба на Ахмети: Со Мицкоски уште пред…
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вечерашното…