(Видео) ЕДВАЈ СЕ ГЛЕДА ПРСТ ПРЕД ОКО: Вечерва за неполн час паднаа 20 сантиметри снег на овие места во Србија!

t

Се чини дека зимата е пред нас, но барем во рeгионот. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде предупредување. Вечерва во повеќе делови во Србија врне снег, а на места се формираше и снежна покривка. Во петок, уште пообилно ќе паѓа снег во речиси во цела држава.

– Во текот на вечерните часови на територијата на областа Златибор имаше обилни врнежи од снег. На патиштата кон планината Тара за неполн час падна големо количество снег, а се задржа и на патиштата.

– Снежната бура почна наеднаш, дува толку силно што едвај се гледа прст пред око. На коловозот веќе има околу 10 сантиметри снег. Вечерва дефинитивно не се шегува зимата, вели за РИНА Петар Лазиќ од Бајина Башта.

Снег паѓа и во другите општини, а на планинските превои состојбата не е толку голема. На возачите им се препорачува да бидат многу внимателни, особено преку Борова Глава.

Надлежните патни служби се во максимална готовност, а механизацијата е веќе испратена на терен.

Останатите делови на Србија, особено Чачак и Косјериќ, беа погодени од силен дожд пропратен со ветер во вечерните часови.

Арктичкиот удар на студен воздух веќе пристигна во Европа. Британија беше прва на удар. Снегот го затрупа поголемиот дел од земјата, температурата се спушти до минус 11 степени.

https://www.facebook.com/srpskainfocom/videos/420651481115339

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЕДВАЈ СЕ ГЛЕДА ПРСТ ПРЕД ОКО:…

Се чини дека зимата е пред нас,…

РУСКАТА ВОЈСКА ГО ОСВОИ ВАЖНОТО МЕСТО НА…

Голем напредок на руските сили во Донбас,…

„Меси е премногу заштитен на теренот, не…

Аргентина славеше со 1-0 против Перу со…

Вардар има долг од три милиони евра

Милорад Миленковски како претставник на здружението „35…

Зеленски многу силен: Кој ќе и помага…

Наградите и одликувањата, како и придобивките поврзани…