(Видео) Ексклузивни информации за контролата во Шутка – Андов: Пандов не испочитувал ниту една процедура, наместо да пријави во полиција седел и чекал избегани затвореници
– Куќниот ред секогаш важел за сите подеднакво, немало ни зулуми ни погодности за да се докажувам. На никого не сум му направил лошо, вели во гостување во „Тешки муабети“ поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје, Филип Андов.
– Јас сум овозможил подобрување на условите, подобрување на храната и слично во затворот. Во отвореното и полуотвореното одделение, затворениците можат да си работат, да си ја доопремат ќелијата на нивен трошок. По куќен ред им се дава клуч за да си ја заклучат просторијата, некој да не му краде, има негови работи, но командирот на смена ги има сите клучеви. Таму нема ѕидови, нема стражари, таму се води по куќен ред, во 8 стануваат се бројат, кој економија работи, хигиена, кантина и слично, Има луѓе надворешно работат во фирми. По промена на смена се пребројуваат пак затворениците. Летно време до 22.30 се отворени, можат да си шетаат внатре во округот, да си идат во дворот, после се затвараат и е тишина. Како на Пандов му изгледа „хотел промаја“ не знам и како може да си дозволи како директор на УИС да зборува така за затворите, објаснува Андов.
– Полуотворено и отворено одделение се класифицираат од воспитувачите кои работат во затвор Скопје, не од мене. Тие луѓе разговараат затворениците, кај воспитувачот се бара одмор, седум часа, излез и слично. Ако има проблем си кажува и многу добри луѓе се оставени таму кои си ја работат професионално работата. Тоа одделение има околу 150 луѓе капацитет, каде нема правило, каде ќе го пишаат за работен ангажман таму се сместува затвореникот. Пандов вели дека јас сум ставал луѓе од затворено во отворено одделение, да било така јас немаше да бидам тука, туку во затвор тоа е голем престап, објаснува Андов.
Како што објасни поранешниот директор, нема поволности за затворениците кои не сакаат да прифатат работен ангажман.
– Како што дошол Пандов со двете инспекторки, требало да почека да дојде старешина, да влезат заедно и да направат контрола. Требало, ако сака да биде посериозен, да земе и полицајци, да направи еден обрач, ниту да влегува, ниту да излегува надвор. Отишол вечерта, ова се сигурни информации бидејќи тогаш уште бев директор, оделе соба по соба. Не тврдам дека таму иле сите, човекот бил на лице место и му фалеле 11 затвореници и тој седнал и ги чекал. Кај ги чекал? Тука се вика старешината, полиција, име презиме, се пријавува бегство во полиција, ако се појават они, одма се сместуваат во затворено одделение.
Тој ги чекал, го викнал командирот од смена и му рекол едниот што не е појавен пријави го, на другите пиши им дисциплинска и си отишол, вели Андов кој ја објасни целата процедура на постапување при такви ситуации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…
Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…