(Видео) Ексклузивно: Како почна регрутирањето за “Шарената револуција”? Кој доби станови и илјадници евра плата за “твитање” и од кои амбасади?

t

Горан Костовски-Чиз во денешната епизода на “Тешки муабети” открива детали за подготовката на таканаречената Шарена револуција, како почнало групирањето, кои амбасадори биле вмешани и колку се плаќало да се биде “дежурен” твитерџија.

Костовски објасни дека твитерџиите кои во тој период не биле многубројни, околу 1000 профили кои организирале дружби, се доелувале награди на твитерџиите и слично.

Костовски вели дека на таквите собири започнало регрутирањето за шарената револуција.

– На еден твитап дојде и британскиот амбасадор Герет и тука на таа вечер беа регрутирани да работат за шарената револуција.

Знаеш ние какви сме сервилни кон странците, првин така, после имам слушано приказни дека за таа шарена револуција на социјални мрежи биле плаќани и по 30.000 евра.

Првин Герет ги регрутираше, па ги преззема америчка амбасада, Бејли, прв Влатко Васиљ и другите.

Одеа кај Бејли на коктели, се сликаа, објавуваа слики Бејли со Твитерџии, прво со авторитети, после и со кеш за да бидат 24/7 достапни.

Преку невладини ги земаа да работат и плата 1000- 2000 евра, па пишувај ти, измислувај. Имаше и реални информации ама имаше и измислици.

После почнаа со бомбите, де Вељановски ги убил децата на Смилковско, Горде новинарот на Фокус и слично, вели Костовски кој вели дека таквите дваесетина профили се сега изолирани:

– Немаат тие сега кредибилнот, во меур се ставени, газдата на тајм.мк ги објави дека истите луѓе ги ретвитаат иако и тој агрегат беше купен од амбасадите.

Јас кога бев во Бојкотирам комплетно не извадија, ама тогаш ни ја зголемија популарноста, вели Костовски.

За ситуацијата која беше актуелна на совијалните мрежи, поврзана со Божидар Божиновски кој беше избркан од работа од ТВ 24 поради неговата критика кон владата. Божиновски тогаш ги обвини Сарачини и Јовановски дека агитирале да биде избркан од работа.

Костовски вели дека Божиновски бил дел од таа екипа која работела на шарената револуција, но дека влегол наивно, не со цел да заработи пари.

– Божидар Божиновски беше дел од таа екипа, ама влезе наивно не да заработи пари, јас правев муабет со него, тој беше прелажа, во ЕУ во НАТО ќе влеземе, пари ќе имаме, Гугл, референдумот…

Павле Богоевски не беше твитерџија, тие беа на средби ама не беа твитерџии, Борјан Јовановски беше како твитерџија, не твиташе повеќе го плукавме ама добро.

Никола Диитров отвори твитер, овој беше Маленко, имаше многи, 90% од тие се јили вработени во Влада или во општина, сите се згрижени и за време на шарената добро си наплатија, зборам станови си добија, вели Костовски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сега ја присвојува таа тактика користена од СДСМ за шарената револуција, Костовски вели дека да ја присвоеле таа тактика власта досега ќе паднела.

– Да ја присвоеја ВМРО-ДПМНЕ таа тактика порано досега ќе паднеа СДСМ.

Околу кредибилноста на тие профили и тактиката да се лаже, измислува и манипулира тоа е за дневно политички поени не е стратегиска операција што ќе ти донесе нешто добро. ВМРО нема стратегија, секое чудо три дена, не гледам јас стратегија за 6 месеци да падне таа Влада, а нонстоп се најавува таа жешка пролет, лето…

Да не беа социјалните мрежи досега ќе имаше револуција на улица, да не беа социјалните мрежи досега 100 пати ќе излезеа на улица. Така пишуваш нешто и ти поминува, се намалува гневот, смета Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еурека

Насловот го позајмив од големиот Антички математичар…

Патриот

Почитувани читатели, повторно денеска ќе се вратам…