(Видео) Емотивно: Средба на Тоше со внуката на Гоце Делчев: Јас сакам Македонија да раѓа многу вакви деца и да знаат дека се потомци на славните луѓе!
На социјалните мрежи денеска по повод Илинден граѓаните објавија фотографии и видеа од “старите собри времиња” кога Илинден беше вистинска радост за македонскиот народ, а кога Македонците се чувствуваа најгорди токму на овој ден, кој поетите го нарекуваат македонски Велигден.
Во низата видеа посебна емоција предизвикуваат две снимки од Тоше Проески и внуката на Гоце Делчев, Катерина Трајкова Нурџиева.
“Јас сакам Македонија да раѓа уште многу такви деца и да знаат дека се потомци на Гоце, на Каревци, на славните луѓе на Македонија”, му вели Трајкова на Тоше кој подоцна ѝ ја пее “Зајди, зајди”
Вечна Ви слава на двајцата, пејте и славете го Илинден горе на небото, таму секако е поубаво, барем не Ве бркаат со полиција…