Објавено на:

(Видео) Ердоган шлапна дете за да му бакне рака

t

Снимка на која се гледа како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му удира шлаканица на мало момче затоа што не му ја бакнува раката, предизвика бурни реакции на интернет.

Инцидентот се случи за време на церемонијата на доделување на куќите кои се обновени како дел од урбаната трансформација во северната провинција Ризе.

По говорот, Ердоган им ги предаде клучевите од куќите на сопствениците.

Две деца од едно семејство излегоа на сцената пред нивните родители. Ердоган им ја подаде раката на децата за да му ја бакнат.

Кога малото момче застанало на неколку секунди и само зјапало во претседателот, тој му удрил шлаканица да го потсетил да му ја бакне раката.

Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како на ваков начин „опоменува“ деца.

Во една прилика удри момче кое побара од него да му се потпише на дресот. Минатата година тој јавно му удри шлаканица на внукот, но подоцна изјави дека го „погалил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опозицијата со ист став – Мицкоски има…

СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски…

(Фото) „Ти оставаш зад себе планина и…

Потресни објави на социјалните мрежи во кои…

Шојгу: За помалку од два месеци Украина…

Според податоците на Министерството за одбрана на…

Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната…

Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите…

УХМР со најави за локално невреме, еве…

Времето до крајот на денов сончево и…