Видео: Ерменците се собираат пред Владата во Ереван, се очекува голем антивладин протест
Жителите на главниот град на Ерменија, Ереван, откако постигнаа договор за ситуацијата во Нагорно Карабах, почнаа да се собираат на централниот плоштад на главниот град, пишува „Спутник“.
Луѓето почнале да се движат кон зградата на Владата на Ерменија. Плоштадот на Републиката се уште не е полн, но луѓето се уште пристигнуваат. Полицијата со шлемови и штитови од рано утрото дежура пред зградата на Владата, а на собирното место почнаа да пристигнуваат полициски специјалци во црвени беретки.
Денеска во Баку беше објавено дека е постигнат договор со Ереван за прекин на огнот во Нагорно Карабах.
Меѓу условите за завршување на „антитерористичката операција“, азербејџанската страна го истакна целосното разоружување на ерменските сили во Карабах.
Министерството за одбрана на Азербејџан во вторникот објави дека Баку започнал антитерористичка операција од локален карактер во Нагорно Карабах за да го врати уставниот поредок.
https://twitter.com/Sprinter99800/status/1704454188724334804?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1704454188724334804%7Ctwgr%5E9b503ab38180f7824b7d8f0223f47244a43eec1a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-ermencite-se-sobiraat-pred-vladata-vo-erevan-se-ochekuva-golem-antivladin-protest%2F
Минатата година Ереван и Баку со посредство на Русија, САД и ЕУ започнаа преговори за идниот мировен договор.
На крајот на мај оваа година премиерот на Ерменија Никола Пашинјан изјави дека Ереван е подготвен да го признае суверенитетот на Азербејџан во советските граници, односно заедно со Карабах.
Рускиот претседател Владимир Путин во септември посочи дека ерменското раководство практично го признава суверенитетот на Азербејџан над Карабах.
Азербејџанскиот лидер Илхам Алиев изјави дека Азербејџан и Ерменија би можеле да потпишат мировен договор до крајот на годината доколку Ереван не го промени ставот.
Participants of the protest action against the policy of the authorities of the Republic of #Armenia on #NagornoKarabakh/#Artsakh blocked Tigran Metz Avenue in Yerevan, some protesters sat down on the asphalt. They demand the resignation of Pashinyan. pic.twitter.com/HT8AGNerL7
— Karina Karapetyan (@KarinaKarapety8) September 20, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…