(Видео) Ескобар: Не успеав да го убедам Курти да ја смени одлуката за динарот
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ја смени одлуката за забрана на употребата на динарот на Косово.
„Потребно ни е решение. Затоа побарав од премиерот да ја суспендира одлуката додека ние заедно со ЕУ, САД и Косово работиме на долгорочно решение кое ќе ги задоволи вашите потреби. Тоа вклучува електронски трансфери во евра преку косовскиот систем. Но, сега мора нешто итно да направиме. За жал, не можев да го обврзам на тоа“, изјави Ескобар во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Ескобар понатаму рече дека „ сè уште се надева оти до средбата на главните преговарачи во Брисел во вторник ќе најдат итно решение за да дозволат итни трансфери во готовина во евра“.
Тој ги отфрли шпекулирањата „однадвор“ кои велат дека „ова е направено за да се казнат Србите“.
„Не верувам во тоа. Но, верувам дека – бидејќи оваа влада на Самоопределување нема големо искуство – понекогаш луѓето не размислуваат за последиците до крај. И мислам дека затоа Брисел ова го окарактеризирав како неспособност, бидејќи кога зборуваме за несакани последици, сите знаат дека тие постојат. Но, ова можеше да се предвиди и ќе се спречеше ако потегот не беше некоординиран“, рече американскиот емисар.
Владата во Приштина претходно денеска објави дека Курти, во разговор со Ескобар, рекол дека указот на Косовската централната банка за укинување на плаќањата во динари претставува „одлука на независна и професионална институција“ и понудил соработка за брзо решавање на сите проблеми кои спаѓаат во надлежност на владата.
Ескобар вчера по средбата со Курти изјави дека прашањето за користењето на динарот е итно хуманитарно прашање кое мора веднаш да се реши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…
КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…