(Видео) ЕУ нема да постои, “империјата” е пред пропаст!
Јас секогаш сум се борела за суштината, правилно да известуваш, тоа е преголема одговорност, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” нашата специјална гостинка Мирка Велиновска која нагласи дека според неа ЕУ за кратко време нема да постои.
– Се прашувам како е можно со сите сетила елити да не почувствуваат дека доаѓа време на гнилеж, на дегенероза. Ако го видиш тоа ќе дигнеш рачна да не ти пропадне целата историја што рпед тоа си ја имал, до скоро за мене беше необјасниво каок е тоа можно. Една империја откога е човештвото организирано во заедници, како е можно ниедна од нив да не успее да застане пред амбисот?
Еве правам споредба со леманите, на секои четири години како луди трчаат и скокаат од карпа, само последниот ред запира за да се вратат и да го продолжат редот.
Затоа пишувам, иако никој не верува, ЕУ нема да постои! Тоа е како римската империја, како во време на Калигула, блуд и разврат, криза…
Ја прашував мајка ми како знаевте како да делувате во Втората светска војна, сте себореле голи и боси, рече срцето го консултиравме. Значи не треба да го консултираш мозокот кој може да е загаден од пропаганди и слично, треба да се слуша срцето кое е чисто, вели Велиновска.