(Видео) Жељасков: Мицкоски да најде начин да ѝ се извини на Бугарија
Бугарскиот премиер Румен Жељасков вели дека Мицкоски треба да најде начин да ѝ се извини на Бугарија поради аналогијата која ја употребил во изјавата за глушецот и лавот, како одоговор на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Герогиев, кој го нарече северномакедонски премиер.
Извинување бара и бугарскиот амбсадор во земјава, кој повика на замрзнување на односите.
„Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на познавачите на Езоп. РС Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни преземените обврски“, рече бугарскиот премиер по денешното гласање за недоверба на неговиот кабинет.
Колегата Мицкоски треба да најде начин да се извини. Довербата во овие времиња е многу кревка“, нагласи Жељасков.
Многу луѓе во Бугарија, вели тој, не се задоволни од постигнатиот компромис во 2022 година, но политичката зрелост бара да се спроведе она што е договорено.
Жељасков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Македонија, но целосно врз основа на спроведувањето на обврските од договорот од 2022 година и Договорот за добрососедство.
Министреството за надворешни работи на Бугарија синоќа остро реагираше на обвинувањата од македонските политичари и ги оцени како крајно навредливи и непријателски кон нивната држава. Повод беше повикувањето на бугарскиот амбасадор во македонското МНР за да му се изрази протест поради именувањето на нашиот премиер како „северномакедонски“ од страна на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Горгиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Жељасков: Мицкоски да најде начин да…
Бугарскиот премиер Румен Жељасков вели дека Мицкоски…
Националната мрежа против насилство врз жени и…
Националната мрежа против насилство врз жените и…
И Морачанин со реакција: Ве молам без…
Насилство врз жена, градоначалничка која со недели…
И ДУИ со реакција по нападот врз…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
Биткоин постави нов рекорд од над 116.000…
Биткоин достигна нова историска вредност од 116.626…