(Видео) Закана од есклација и нуклеарна војна: Руски воен експерт тврди дека американските ракети ќе можат да погодат цели во Русија – oдговорот ќе биде нуклеарен!

t

Алексеј Леонков, воен експерт во гостување во емисија на еден од руските канали говореше за испорака на оружје во Украина.

Тој истакна дека не само Соединетите Американски Држави можат да испорачаат оружје на Украина туку и Романија има и повеќе ракетни системи.

Системите MLRS и HIMARS за кои се говори дека ќе стигнат во украински раце можат да погодат цели на растојанија од 30 до 300 km.

Ако овие системи се лоцираат во Северодонецк, тие би можеле да стигнат до регионите Воронеж и Белгород. Ако се лоцирани во близина на Суми, тогаш ракетите би можеле да стигнат до Белгород, Курск и Брјанск.

Бајден претходно тврдеше дека проектилите со дострел од 300 километри нема да бидат испорачани во Украина. Сепак, на неговите зборови не може да им се .ерува 100%. Сега може само да се погоди кои ракети ќе бидат испорачани, истакна Ленков/

Доколку проектилите стигнат до територијата на Русија, тогаш одговорот ќе биде итен, нуклеарен удар.

„Во овој случај, нападот ќе биде на точките на одлучување. И тие, како што знаете, не се во Украина“, вели Ленков.

Русија претходно реагираше на одлуката на САД за снабдување на Украина со напредни ракетни системи и муниција.

Официјална Москва го нарече потегот екстремно негативен и се закани дека тоа ќе го зголеми ризикот од директен конфликт.

„Ројтерс“ пренесува дека рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, за државната новинска агенција РИА Новости изјавил оти Москва гледа на американската воена помош за Украина исклучително негативно.

„Очигледно, САД, на чело на група држави, се вклучени во намерно пумпање оружје кон режимот во Киев“, рече тој.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе ѝ дадат на Украина понапредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…