Објавено на:

(Видео) Западните медиуми “горат”: Има војна а “првата љубовница на Русија” се прошета во Сочи

t

Наводната љубовница на Владимир Путин и наводната мајка на неговите два сина се појави во јавност за првпат откако западните влади воведоа санкции за Русија поради инвазијата врз Украина.

Поранешната златна олимпијка, Алина Кабаева (39), која наводно има семејство со лидерот на Русија, не ги коментирала санкциите и нејзиниот приватен живот.

Таа била видена во одморалиште на Црно Море во Сочи во кампот за ритмичка гимнастика со 28 деца, пренесува „Daily Mail“.

Весникот „Московски комсомолец“ коментира дека таа „многу ослабела“.

„Алина сака скап стил на облекување кој, бидејќи е шеф на Националната медиумска групација, може да си го дозволи“, наведува весникот.

„Алина разговараше со децата во бели панталони и виолетова блуза со долги ракави. Исончаната ѕвезда ги покрила очите со модерни очила за сонце со бели рамки“, додава весникот.

Ова е првпат таа да се појави во јавноста од април.

Нејзиното повторно појавување оваа недела доаѓа набргу откако еден канал на Телеграм ја означил како „невидлива принцеза“.

Додека Путин се бори во војната со Украина, таа на младите гимнастичари во Сочи им порачала: „Сакам да апелирам до сите да не се откажуваат – постигнете ги своите цели, не се обесхрабрувајте“.

Иако е водечка спортистка и славна личност во Русија, нејзиниот статус како партнерка на Путин е недостапен за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ