(Видео) Захариева го искара Петков: Пендаровски две години не најде време да дојде во Софија

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева го праша вчера премиерот Кирил Петков дали има намера да го смени постоечкиот национален став во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија и да го замени со нешто друго. Му рекла и ако да, дали се координирал со коалиционите партнери и кога ќе ги информира бугарските граѓани. – Пишува Фактор.
Причина за ова прашање е, како што вели Захариева, интервјуто со премиерот, во кое тој најавува нов процес за РСМ, многу брз, со ограничена временска рамка од само 6 месеци.
„Посакувам наместо господинот Кирил Петков да оди во Скопје, тој да го покани во Софија новиот премиер на Македонија, како и кај нас, нивниот претседател, кој веќе две години не најде време во својата програма да ја прифати поканата од наша страна, вели Захариева објаснувајќи што му рекла на Петков во Парламентот.
Вели дека му објаснила на премиерот дека Министерството за внатрешни работи на Бугарија му предложило на Скопје на почетокот на минатата година да се формираат заеднички работни групи по сектори, за што тој сега зборува.
„Го замолив да не го урива националниот консензус кој досега го поддржуваа сите политички сили и да не учиме од медиумите за плановите на бугарската влада на оваа важна тема, вели Захариева..
Видеото може да го погледнете тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…