(Видео) За конкретни инвестиции ќе почекате, Мицкоски имал „историски успешно“ гостување во Давос

t

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес во изјава од Гази Баба истакна дека Македонија имала историски успешен настап во Давос.

– Не бев статист во Давос, моите говори беа проследени со аплауз. Со мене на маса беше главниот извршен директор на „Гленкор“, потоа господинот Џо Донован кој што беше поранешниот прв човек на „IT&T“ и сегашен член на бордот на „Локид Мартин“, австрискиот канцелар, директорката на Интерпол и така натаму. На еден од панелите, говорници со мене, бидејќи јас не бев статиста таму, или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос, туку бев активен учесник на три панели, и морам да кажам, штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните“, истакна премиерот.

На прашањето на Инфомакс кои конкретни инвестиции се договорени и од кога можеме да очекуваме почеток на реализација, Мицкоски кажа дека треба да бидеме трпеливи и дека за многу кратко време ќе видиме.

Целата прес-конференција проследете ја во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) За конкретни инвестиции ќе почекате, Мицкоски…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес во…

Трамп: Имав многу добар состанок со Зеленски,…

Доналд Трамп, претседателот на САД, денеска изјави…

Орбан: Одам во Давос на покана на…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека…

Зеленски денес во Давос, ќе се обратат…

Претседателот на Украина оди во Давос додека…

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата…

Добар ден Македонијо, повторно од овде во…