(Видео) Зеленски: Без помош од САД ќе ја загубиме војната против Русија

t

Доколку САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека Украина иако има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.

„Ако ја скратат (помошта), мислам дека ќе изгубиме. Имаме производство, но тоа не е доволно за да победиме. И мислам дека не е доволно за опстанок“, рече тој.

Зеленски истакна дека првите денови од војната биле најтешки, а дека отсега сѐ ќе зависи од единството на Украина и Европа, особено од единството на Киев и Вашингтон.

Пентагон синоќа соопшти дека американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на воена опрема и услуги на Украина во вредност од 100 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски: Без помош од САД ќе…

Доколку САД престанат да го поддржуваат Киев,…

Зеленски потврди: Украина „има намера да користи…

Володимир Зеленски потврди дека Украина добила дозвола…

Шолц: Разговорите со Путин за Украина беа…

Разговорите со рускиот претседател Владимир Путин беа…

Борел: Киев доби дозвола од САД за…

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…

Володин се закани: Ќе користиме оружје што…

Односите меѓу Русија и САД ќе бидат…