(Видео) Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“

t

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.

– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

(Видео) Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите,…

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро…

За убиство има застарување, за долговите не:…

За убиство има застарување, за долговите не.…

Го “дерат” народот: Извршителите за шест месеци…

За извршителите во земјава нема криза, за…

(Фото) Огромен скандал: Извршители упаднаа во куќа…

Се случи огромен скандал во семејна куќа…