(Видео) Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!
Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на 7 години затвор за наводен тероризам при случувањата од 27-ми април.
Југ потенцираше дека е лага дека носел пиштол, дека никогаш не планирал да убие никого, а посочи дека не се чувствува како терорист затоа што во Собранието не сторил никакво насилство туку влегол и излегол како и мнозинството на граѓани. Тој додава дека за ова што го говори има мноштво на материјални докази истакнувајќи дека нема ниту една снимка на која се гледа како тој врши било каков вид на насилство и дека снимките кои постојат потврдуваат дека тој не носел оружје со себе во Собранието.
Но можеби еден од најинтересните делови од неговото гоствање е делот во кој Југ објаснува како од него се барало а го намести екс-премиерот Никола Груевски во замена за слобода.
Овој дел впрочем потврдува дека целиот процес е монтиран од страна на власта, а главниот таргет е Никола Груевски, односно обвинетите за 27 април се избрани со цел да бидат злоупотребувани како алатка за поткусурување со поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Југ тврди дека за време на судењето кога бил во притвор преку неговиот адвокат Саво Коцарев бил контактиран од еден од таканаречените „реформатори“ во ВМРО-ДПМНЕ со порака дека доколку го намести Груевски за командна одговорност уште веднаш ќе излезе од затвор.
-Во тоа време имаше една фракција во ВМРО-ДПМНЕ, реформатори ги викаа имаа многу убав концепт, но тој концепт беше само убави зборови. Немаше врска. Тоа беше само удар на партијата за разединување и расклимување. Ете тие преку покојниот адвокат Саво Коцарев ми дадоа толку безобразна понуда што со моите јавни ставови јас дадов до знаење дека господинот Груевски не дека не го симпатизирам туку не го сакам воопшто тие дошле до заклучок дека можеме да го врбуваме. Преку Саво Коцарев ми нудат со овие зборови „намести го Груевски за команда одговорност“ утре излегуваш од затвор, вели Југ.
Понатаму тој посочува дека иако нема добро мислење за Груевски, тој не бил подготвен било кого да намести за нешто што нема врска со реалноста.
-Јас Груевски ниту го сакам, ниту некогаш во животот ќе го сакам, но тоа не значи дека ќе станам шпиун, местач, дека некои деца ќе ги оставам без татко за нешто што човекот нема врска. Јас и тој се немаме видено од конгресот во Охрид, додава тој.
Југ посочи дека со Груевски за 27 април нема контактирано, односно не го познава ниту него, ниту пак Сашо Мијалков туку напротив дека бил во лоши односи со овие структури во партијата.
-Апсолутно никогаш немам контактирано со Никола Груевски за 27-ми април. Јас лично не го познавам ниту него, ниту неговиот братучед што беше актуелен во тоа време. Никој од нив не познавам лично. Јас бев изопштен од партијата веднаш после случувањата во Панорама. И нашата група, групата на мојот покоен кум Мујо беше непожелна. Ние го донесовме на власт и ние станавме непожелни. Таков човек не ми треба во животот. Ама да го наместам, да кажам тој ме пратил, тоа е толку ниско, вели Југ.
За крај Југ повтори уште еднаш дека Груевски бил единствениот таргет во тоа време на власта и откри дека не бил контактиран од Петар Богојески попознат под прекарот Бунтур туку дека бил контактиран од адвокатот мислејќи на Александар Михајловски.
-Само Никола Груевски тој им беше таргет во тоа време. Тие реформатори имаа двајца водачи, не е од Бунтур од другиот од адвокатот. Еве јас ти кажувам. Може тој сега е близок со Рајко, Трајко, Петко. Од него, вели Југ.
Инфомакс го контактираше адокатот Александар Михајловски кој ни одговори дека не се случила таква работа, односно тој ниту понудил да биде наместен Никола Груевски во замена за слобода на Југ ниту пак имал можност тоа да го стори. Михајловски вели дека неговиот став е конзистентен и дека бара сите кои се во затвор за случајот 27 април веднаш да бидат помилувани.
-Не сум ја видел изјавата. Не постои таква работа. Ниту сум понудил, ниту сум можел да понудам таква работа. Мојот став е јасен и конзистентен за целиот период и јавно искажан. Сите што се во затвор неправедно осудени за 27.04, за што има потврда од судот во Стразбур, мора итно или да се помилуваат или да се амнестираат и да сѐ обештетат. Поздрав и убав ден, вели Михајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…