(Видео) Елон Маск започнува со тестирањето на мозочни микрочипови кај луѓето
Компанијата Neuralink, која е во сопственост на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, се подготвува за тестирање микрочипови на луѓе. Станува збор за микрочипови наменети за човечкиот мозок.
Neuralink е основана во 2016 година со цел развој на технологија која на целосно паразлизираните луѓе ќе им овозможи да управуваат со мислите. На пример, да се јават на телефон, и тоа побрзо од луѓето што не се паразлизирани.
Оваа компанија, со седиште во Силиконската долина, веќе успешно вгради микорчипови во мозокот на мајмунот Пејџер и во мозокот на свињата Гертруда. Сега се подготвуваат за тестирање на овие чипови кај луѓе.
Од Neuralink соопштија дека тие што ќе учествуваат во тестирањето ќе соработуваат со некои од најиновативните и врвни инженери. Маск, чие богатство се проценува на 256 милијарди долари, минатиот месец изјави дека е оптимист за прогнозата дека овие нивни импланти ќе им овозможат на тетраплегичарите да одат.
Тој се надева дека американската Агенција за храна и лекови ќе го одобри користењето на чиповите.
„Мислам дека со Neuralink имаме шанса телото на некој што има повреда на рбетниот мозок да го направиме повторно функционално. Neuralink функционира кај мајмуните. Правиме многу тестирања и потврдуваме дека имплантите се многу безбедни и ефикасни и дека може безбедно да се отстранат“ изјави Маск.
Меѓутоа, Маске познат по тоа што ветува доста кога станува збор за Neuralink. Пред три години тој сметаше дека првите импланти во главата на човек ќе бидат вградени во 2020 година.
Neuralink минатата година објави видео на кое се гледа како мајмун со вграден чип ја игра видеoиграта Pong. Играта ја игра исклучиво со своот мозок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија во топ 10 земји со најголем…
Албанија е меѓу земјите со најбрзо растечка…
Блумберг: „Apple“ ќе го прошири производството во…
Американскиот технолошки гигант, наводно, сака да пресели…
Кинезите развија супериорна технологија, лансираа ракета на…
Ракетата ZK-2 I3, развиена од кинеската приватна…
Путин: „Нема ограничувања“ за споделување на технологија…
Дури и воените тајни не се надвор…
Ова е ужас: Амеба што го „јаде…
Се вдишува преку нос пред да оди…