(Видео) Индијците се молат за победа на Камала Харис: Неверојатни снимки, олтари полни со ливчиња
Индијците во јужните делови на земјата се молат за победа на Камала Харис на претседателските избори во САД.
Харис делумно е од Индија, по нејзиниот татко. Таа е родена и израсната во Оукленд, Калифорнија, но е ќерка на Јамајканецот Доналд Харис и индијката Шјамала Гопалан.
Нејзината мајка е родена во Тамил Наду и се преселила во САД на докторски студии. Своевремено Харис објавувала некои од спомените од периодот кога го посетувала својот дедо во Ченаи, а често споменувала колку нејзиното индиско наследство го обликувало нејзиниот живот и кариера.
„Нашата индијка и тамилски лидер Камала Харис ќе учествува на претседателските избори. Дефинитивно, таа ќе победи“, рече Балу, основач на хинду група од Тамил Наду.

На видеата кои се објавени на мрежите, Харис може да се види некаде до хинду божествата додека светите лица вршат молитви и подаруваат подароци во форма на цветни ливчиња и банани.
Церемонијата во храмот во Туласендрапурам, во државата Тамил Наду, беше организирана од локалното население, на која присуствуваа десетици селани и неколку туристи. Свештеникот ја заврши молитвата велејќи: „Камала Харис треба да победи“, додека на присутните им нудеше темноцрвена прашина и пепел. Во храмот, името на Харис е врежано на камен со список на јавни донации, заедно со името на нејзиниот дедо.
Селото го привлече вниманието на светот пред четири години кога неговите жители се молеа за победа на Демократската партија на Харис на претседателските избори во 2020 година, пред да ја прослави нејзината инаугурација како американски потпретседател со палење петарди и споделување храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден го откачи и на Зеленски му…
Потпретседателката на САД Камала Харис денеска во…
(Видео) Дедо Бајден пак забopaви кој е…
Во говор во Атланта, Џорџија во вторникот,…