(Видео) Интервју: Не можеме да ги нахраниме нашите војници, а не па да војуваат
По денешната ескалација на Украинската криза, во Инфомакс разговаравме со проф. д-р. Александар Нацев за состојбите во македонската армија и способноста да одговори на воени предизвици.
Професорот вели дека како држава, Република Македонија според закон мора да ги одржува стоковите резерви, но во овој момент се случува здравствена и енергетска криза поради што тој вели дека – „Во моментов не сум сигурен дека ние сме во најдобра кондиција да се справуваме со посериозни предизвици. Успесите или неуспесите на актуеланта влада ја доведе подготвеноста на државата под знак прашање, но сепак мислам дека би се одговорило на еден таков предизвик“
Нацев посочи дека армијата во моментов не може да набави леб за војската, нема договор за тоа – „Јас веќе подолго време зборувам дека армијата е во лоша состојба, во лоша кондиција, не затоа што тие не се добро обучени, туку менаџирањето со одбраната и одбрамбените ресурси не е на задоволително ниво. Се вложува во човечки ресурси на начин за да се купат војниците“
Тој вели дека има масовен одлив на професионални војници – „Голем број на војници, па и офицери и подофицери си даваат отказ, што е детриментално за една армија, високо-обучениот кадар да си заминува.“
ТОј истакна и дека новиот прием на војници не е според соодветни стандарди, укинатиот воен рок е укинат, немора да се одслужи за да се стане професионален војник. – „Мислам дека армијата ни е во прилично лоша кондиција“
Нацев го спомена и индексот на „Global Fire Power“ каде што во последните неколку години имаме континуиран пад. – „Бевме на 126то место пред две години, лани бевме на 133то место, годинава сме на 134то. Заедно со рамниште на Мозамбик. Ние како земја членка на НАТО не смееме да си дозволиме да имаме толку слаб ранкинг затоа што од 30 земји ние сме најслабата алка во синџирот и треба да се потрудиме да ја подобриме драстично на таа ситуција“ – Истакна професорот.
Тој побара да се подобри буџетирањето на одбраната, како што се заложивме, како членка на НАТО дека ќе стигнеме до тие 2% од бруто домашен производ да се издвојува за потребите на одбраната – „Се уште сме многу далеку. Не само што сме далеку од тие 2%, туку и многу лошо се менаџира со актуелниот буџет. Се доведуваме во ситуација за војската да нема леб, нема превоз. Војниците со сопствени возила се организираат по тројца, по четворица во едно возило за да се појават на работа, а камо ли за нешто повеќе“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…