(Видео) Инфомакс на терен: Цените на горивата ќе растат и во следните денови – огромни колони на возила на бензинските пумпи низ Скопје

t

Инфомакс доцна вечерва беше на терен за да ја пренесе фактичката, актуелна состојба на бензинските пумпи низ Скопје. На сите бензински пупми има големи колони на возила кои чекаат да ги наполнат резервоарите пред полноќ, кога ќе стартуваат со употреба новите цени на горивата.

Александар Митовски и Милош Милошевски ја пренесоа состојбата од терен:

Цена на Супер 98 од 86 на 91,5 денари, цена на Супер95 од 85 на 89,5 денари, цената на дизелот од 75,5 денари на 85,5 денари или зголемување од 10 денари за литар дизел , од 5,5 денари за еуросупер 95 и 98.

Мазутот е зголемен за 6,1 денар, се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство од 74,5 на 83,5 или 9 денари зголемување, цената на метанот зависи од станица до станица, цената на плинот за автомобили 46,5 денари но најверојатно ќе се зголмува и таа цена.

Како што може да видите на бензинската пумпа во Влае, а така е низ цела Македонија, овде колоната е отприлика 100-150 метри. Секоја бензинска пумпа барем цо Скопје во моментов брои колона од околу 50 до 70 возила кои чекаат да наполнат гориво.

Кризата која се случува во моментов главно е благодарение на вештачката хистерија која ја создаваат поголемите снабдувачи на нафта и нафтени деривати. На пример во Макпетрол од денеска попладнево на повеќе пумпи низ Македонија информираат дека немаат дизел на пумпите. Се претпоставува дека станува збор за вештачко прдизвикување на паника за дизелот кој е набавен по поефтина цена да се сочува до 12 часот и да се продаде по новата повисока цена за да се создаде некаков профит.

ВМРО-ДПМНЕ денес преку пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов побара намалување на давачките за гориво, акцизата и ДДВ-то, акцизата за бензинот е 22 денари, а ддв е 13 денари по литар или вкупно 49 денари по литар се даваат давачки кон државата. Ако се одземат давачките ќе дојдеме до цена од некаде 50-тина денари по литар што е прифатлива давачка за граѓаните.

Ексклузивна вест еве е дека цената на горивата ќе расте и деновиве.- вели Александар Митовски.

Ние редовно предупредувавме што следува и благодарение на тоа неретко бевме шиканирани, бевме и цензурирани. – вели Милош Милошевски.

Погледнете го видеото на следниот линк: https://fb.watch/bCdfyAO93b/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на квадрат скокна до 3.000 евра

Во октомври годинава општините издале 216 одобренија…

Вечерва „Тешки муабети“ со Оливер Андонов

Вечерва во 21.30 часот не пропуштајте ја…

Вечерва во 18 часот „Политиканти“ со Бујар…

Вечерва во 18 часот не пропуштајте ја…

(Видео) Фрчкоски: Францускиот предлог е подобар од…

Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор,…

(Видео) Не е навреда ако навредува премиерот!…

Не е навреда ако навредува премиерот, без…