(Видео) Иранскиот претседател не се појави на долго планираното интервју со новинарката на CNN, затоа што одбила да носи шамија

t

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси не се појави на долго планираното интервју со новинарката на CNN, Кристијана Аманпур, откако таа го одби неговото барање да носи шамија за време на интервјуто.

Раиси ја замолил Аманпур да си ја покрие главата со шал непосредно пред почетокот на интервјуто, а таа учтиво одбила.

Аманпур, која пораснала во иранската престолнина Техеран и течно зборува фарси, рече дека ја носи шамијата додека е во Иран за да се придржува до локалните закони и дека ако не носи шамија, нема да може да функционира како новинарка.

„Овде во Њујорк, или каде било на друго место надвор од Иран, никогаш ниту еден ирански претседател не ми барал да носам шамија, а јас сум го интервјуирала секој ирански претседател од 1995 година. Многу учтиво одбив во мое име, во име на Си-Ен-Ен и на новинарките насекаде во светот бидејќи тоа не е услов“, рече Аманпур.

Иранскиот закон бара од сите жени да носат покривки за глава и широка облека на јавни места. Правилото се спроведува во Иран од Исламската револуција во 1979 година и е задолжително за секоја жена во земјата, вклучително и оние кои ја посетуваат земјата.

Да потсетиме, 22-годишната Махса Амини почина во притвор, откако минатата недела беше уапсена од полицијата за морал, бидејќи наводно не го почитувала правилото за носење хиџаб. Очевидци тврдат дека полицијата ја однела до возило и ја претепале.

Демонстрантите во Техеран и другите ирански градови претходно денеска запалија полициски станици и возила, а протестите не покажуваат знаци на стивнување. За утре се најавени собири за поддршка на конзервативните ирански власти.

Протестите за смртта на Амина се најголеми во Иран од 2019 година. Тие се најмногу концентрирани во курдскиот северозапад од земјата, но се проширија во главниот град и најмалку педесет градови низ земјата. Најмалку 31 цивил е убиен од почетокот на протестите во Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…